Нестандарден збор - категорија

слам повеќе

мн. сламови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од градот со истрошени куќички во кој живее претежно сиромашно население.
Англиски: slum
Примери:
Шутка, освен главната улица, наликува на слам.

снемоштен повеќе

Види и: снеможен (прид.)
снемоштениот
Вид збор: Придавка
снеможен
Англиски: feeble

спахилак повеќе

мн. спахилаци
Вид збор: Именка, машки род
Звање, достоинство на спахијата.
Турски: sipahilik Албански: spahillëk

стик повеќе

мн. стикови
Вид збор: Именка, машки род
Мало парче во вид на молив.
Англиски: stick
Примери:
спреј и стик
Компјутерски дел што се приклучува и исклучува со вметнување во одреден интерфејс.
Англиски: stick
Примери:
УСБ-стик

сторија повеќе

мн. стории
Вид збор: Именка, женски род
случување, расказ, животопис
Англиски: story Албански: tregim
Примери:
Неговата животна сторија е полна со авантури.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш